Покрај своите стандардни опции, Фејсбук нуди и забавна содржина, па веќе некое време може да решавате различни квизови, а се појавија и нови апликации, која ви покажува како ќе изгледате за 30 години и слични работи. Колку и да изгледа безопасно, играњето на вакви квизови може да ви предизвика проблем.
Ако не сте внимателно со тоа како го користите Фејсбук, многу лесно вашите лични податоци може да паднат во раце на хакери. Според CommonSenseMedia хакерите можат да креираат квиз, каде вие ќе ги внесете вашите податоци, а подоцна тие ќе ги искористат пробивајќи ги вашите банкарски сметки или ќе го украдат вашиот идентитет за одредена цел.
Покрај тоа, ваквиот вид на квизови може да ви донесе и вируси со опасна содржина. Според неодамнешниот извештај на Си-Ен-Ен, оваа практика се користела и во скандалот со украинските хакери, со кои преку квизови инсталирате опасни екстензии на своите пребарувачи.
Најлесен начин да се заштитите е сериозно да ја сфатите измамата и на Фејсбук да кликнувате само на врски кои се 100% безбедни. Доколку претпоставите дека некој квиз сака да направи измама и да извлече податоци од вас, тоа веднаш треба да го пријавите на Фејсбук.
Ако сте загржени за вашите информации на Фејсбук, постојат начини да се заштитите. Се што треба е добро да ги контролирате вашите поставки за приватност во алатката „Ваша приватност“ на Фејсбук.