14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Јоци до Ивчева: Ти смени пет партии, го плукаше Грујо, па после го погали по главче, ќе си останете грујови лузери

Дали Јорданка Инваовска Јоци, беше дел од шарената peволуција? Да! Дали Јорданка Ивановска Јоци, со својот ,,активизам” го донесе Заев на власт? Да! Дали Јорданка Ивановска Јоци, бараше пpaвда (читај СЈО) за да има мир? Да! Епа драга Јоци те објавуваме зошто е комично како поплука секаде каде што си лижeлa. Ова беше објавено на порталот Инфомакс, а со свој коментар за целосната порака која и беше испратена во овој текст се огласи и новинарката Јорданка Ивановска Јоци. Еве што таа напиша на својот фејсбук профил:

Не издржаа. Сајтот на мажено на Ивчева објавил нешо со наслов – ,,Те објавуваме затоа што кај исплука-излижа”. Чекај, Наталијо. Ти што смени пет партии, што со твојон го плукавте Грујо, па после го погаливте по главче, што му отидовте во Будимешта да му го дудлате со интервјуа во 15 продолженија што нагалено по соц.мрежи те викаат ,,нимфомакс”, мене ми збориш за морал ? Мора да се шегуваш.

И не пуштај другпат анонимни деца со потписи да ги лижат твоите валканици, имај храброст потпиши се сама. А, за Заев. Извини, али ја за разлика од тебе, што такаречено сезонски менуваш партии, другарчиња, и што не, стојам зад се’ напишано. И пред протестите и по доаѓањето на СДСМ на власт. И за Никола Груевски, за кој до ден-денешен ставот ми е непроменлив – дека е најголемо зло на Македонија.

Моја препорака ти е да си го смириш маж ти, можеш со сукало. Како сакаш, додуша. Исто ви се фаќа, ќе си останете нечитани и некредибилни во очите на голем дел од јавноста, тука нема спас, а и непочитувани од големи новинарски имиња поради неконзистентност.

Колку луѓето ве читаат вас, а колку мене, можеш и самата да процениш. Над 25.000 на профил, а околу 300.000 на сајт за една година постоење. Ама, па, не ги лажам дека сум совршена.

Па није ваљда да требаше да го поддржувам СДСМ за афери !?

Сеа, цуци, сајтов ќе го освежувам, дизајни, ова она, па ќе го праам турбо, па може и еден сладолед да те почастам ако те интересираат лекции по јавно мислење.

Ти продужи си да се крстиш по цркви, да објавуваш молитви на сајт, али да знаеш – ништо од тоа ако душата ти е нечиста.

Да заклучиме – и ти и маж ти никад нема да бидете јас. Макар и на трепавици дубеле. Под ниво сте ми. Ќе си останете грујови лузери.

поврзани објави

Последни објави