fbpx
24.8 C
Skopje

Али Ахмети даде коментар за Катица Јанева: Алчноста уништува се

АКТУЕЛНО

Алчноста го уништува човекот“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, коментирајќи го скандалот „Рекет“ што ја одведе во притвор специјалната обвинителка Катица Јанева. Но, лидерот не смета дека некој кој стои зад скандалот го планирал случајот.

„Нашиот народ има израз, извонредна филозофија, алчноста уништува сè. Мислам дека и тука е алчноста , според моја проценка, не станува збор за никакво сценарио“, рече Ахмети, јавува репортерот на ТВ21.

Тој не ја крие својата фрустрација за „Рекет“, кој го нарече повеќе од скандал.

По наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, МВР ја уапси специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдија од обвинителството. Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата.

Специјалната обвинителка Катица Јанева доби мерка притвор во траење од 30 дена, како трета осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Јанева како обвинител нема имунитет, иако јавнообвинителската функција е со доживотен мандат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -