fbpx
15.8 C
Skopje

Ова не е Сибир, ниту Амазон, туку Велес – за три часа изгоре педесет годишна борова шума (Видео)

АКТУЕЛНО

Македонските пожарникари од Велес и околните места денес цел ден водат битка со огнената стихија која го зафати делот околу езерото Младост и околината на Велес. На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа и фотографии кои ја отсликуваат жалната слика во Велес.

На фејсбук се огласи и Васил Зафирчев, кој напиша статус кој го пренесуваме во целост: Ова не е Сибир, ниту Амазон, туку Велес. Големиот пожар кој денес на пладне го зафати езерото “Младост”, за само три часа целосно изгоре педесет годишна борова шума, една од малкуте во кои можевме да уживаме во околината на градот. Пожарот го предизвикале несовесни работници, а штетата е огромна и неповратна. Жално!

Ова не е Сибир, ниту Амазон, туку Велес. Големиот пожар кој денес на пладне го зафати езерото "Младост", за само три…

Posted by Васил Зафирчев on Monday, August 26, 2019

Во продолжение ВИДЕО снимено од бродот, кое беше постирано на социјалната мрежа Фејсбук.

Posted by Goran Boshkovski on Monday, August 26, 2019

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -