По репортажата која ја направи „Телевизија 24“ за младото 22 годишно момче Дејан Костовски, кој заедно со својот ноподвижен татко живее во просторија од 9 метри квадратни, во помош излегоа многу институции, а најактивен повторно, кој друг ако не популарниот Боки Јовановски, или како што многумина од вас го знаете Боки 13.
Боки целосно му излезе во пресрет на Дејан и неговиот татко и најави дека целосно ќе ја реконструира нивната куќа, во која Дејан и неговиот татко ќе имаат одлични услови за живот.
„Со задоволство можам да кажам дека е комплетирана целата работна екипа за целосно реновирање на куќата на Дејан Костовски! Утре додека едни ќе го слават Валентино, дури Св.Трифун, ја и цела екипа се даваме во работна акција, куќата на Дејан ќе биде реновирана од корен со одлични услови за живот. На овој начин најдобро се слави љубов. За Дејан!“, напиша Боки на својот Фејсбук профил.
So zadovolstvo mozam da vi kazam deka e kompletirana celata rabotna ekipa za celosno renoviranje na kukata na Dejan…
Posted by Boki Jovanovski on Monday, February 13, 2017