23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Најнови информации за драмата на небото: Се огласи и екс премиерот на Србија во чиј авион удри гром

Големото невреме што ги зафати Словенија, Хрватска и БиХ беше речиси фатално за српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Дачиќ летал со авионот Фалкон кон Блед, кога гром го погодил авионот, околу 22 часот и 50 минути. Ударот предизвикал паника, се слушнала експлозија, но за среќа се поминало без тешки последици, бидејќи пилотот слетал на најблискиот аеродром во Словенија.

– Се слушна мала експлозија и се виде светлост.. Но, никој не ни може ништо, рече Дачиќ за српски Курир.

Невремето, кое го зафати западниот дел на Балканскиот Полуостров за само два часа се забележени околу 20.000 грмотевици, а еден го погоди авионот на кој се наоѓа Дачиќ.

Потсетуваме, ова не е првпат министерот на Србија да доживее непријатност. Кон крајот на мај, истиот авион во кој Дачиќ се возеше на небото над Грција мораше во рок од 15 минути итно да слета во Атина.

поврзани објави

Последни објави