Психопатите обично ги замислуваме како чудни ликови, но канадскиот психолог кој целиот свој професионален век го поминал во нивно проучување, тврди дека и ваш пријател, колега или партнер би можел да стане еден од нив.
Криминалистичкиот психолог и професор Роберт Херс нагласува дека кај такви личности особините како каење и емпатија целосно изостануваат.
Со крајно површни чувства, во екстремни случаи, психопатите не се грижат дали сте живи или мртви. Иако некои од нив се насилни криминалци, тоа не значи дека сите психопати живеат од другата страна на законот.
Во продолжение следи тестот кој беше создаден од некои американски психолози кои го користеле за откривање дали некое лице има сличен менталитет како сериски убиец. Бројни сериски убијци учествуваа на овој тест и одговориле точно на прашањето.
Уште сега да најавиме, одговорот кој на психолозите им дава сигнал за грижа – го даваат многу мал број на луѓе. И внимвајте, ова не е трик прашање.
Сега прочитајте ја приказната:
Жена на погребот на својата мајка, меѓу луѓето кои пристигнале да се поздрават со жената за последен пат, здогледала еден маж кој никогаш порано не го видела.
Прво што и паднало на памет било дека изгледа фантастично. Како од нејзините сонови. Во неколку следни моменти помислила и дека тоа навистина е човекот од нејзините сонови.
Во моментот се заљубила во него, но не го земала неговиот број. Неколку денови подоцна жената ја убива својата сестра.
Прашањето гласи: Кој бил мотивот жената да ја убие својата сестра?
Добро размислете пред да го дадете вашиот одговор. Одговорот прочитајте го во продолжение:
Одговор: Жената се надевала дека истиот човек повторно ќе се појави на погребот
Ако точно одговоривте на ова прашање, вие размислувате како псхиопат. Колку за информација, некои луѓе ги исполнуваат критериумите за психопат, но не доволно за да прават проблеми.
Ако не одговоривте точно, опуштете се – не сте психопат. Патем, кој беше вашиот одговор?