fbpx
24.8 C
Skopje

Браво Македонијо – се собраа потребните средства – Дарко Циревски од Ресен заминува на лекување

АКТУЕЛНО

Собрани се средства за лекување на 20-годишниот Дарко Циревски од Ресен, кој побара помош преку социјалните мрежи.

Тој од 2017 година има целосна одземеност на нозете и делумна на рацете при повреда на ‘рбетниот мозок, а за третманот во Хрватска беа потребни 26 илјади евра. Дарко преку својот Фејсбук профил јавно се заблагодари на сите хумани луѓе.

Foto

Инаку, Дарко Циревски од Ресен има само 20 години. Но, тој не може да го живее животот како неговите врсници. Живеалиште и секојдневие на Дарко е еден кревет.

Како што сме хумани за овој случај, да ја отвориме страницата Донации.мк и да помагаме на колку што е можно повеќе луѓе. Благодарност до сите кои дадоа свој придонес за Дарко да може да се лекува.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -