13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Алармантна состојбата во Берово: Се бара активирање на целокупното население за гаснење на пожарот

Месното население го гасне пожарот кој доцна попладнево избувна меѓу селата Будинарци, Мачево и Владимирово.

Како што информира Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ Берово, ситуацијата во моментот е алармантна и бара активност на целокупното население.

-Наши екипи се веќе на терен со повеќе пожарникари, возило и останати ресурси кои ги имаме на располагање. Ги алармиравме и противпожарните единици од соседните општини, а очекуваме уште поголема инволвираност на самото месно население кое и тоа како даде допринос во гаснењето, по првичната појава на пожарот, соопшти Ајтовски.

Повеќе детали за пожарот Ајтовски најави за утринските часови, кога ќе се знае колкава е причинетата материјалната штета. Очекувањата на командирот на беровската противпожарна единица се пожарот да биде изгаснат што поскоро, но ситуацијата е отежната зашто е темно.

Засега нема информација за причините за пожарот.

поврзани објави

Последни објави