fbpx
15.8 C
Skopje

Катица Јанева испрати писмо од Шутка до своите колешки во СЈО и побара сите предмети да се предадат на Јовески

АКТУЕЛНО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од истражниот затвор „Скопје“ вчера испратила писмо до обвинителите во СЈО, со кое наредува сите предмети од СЈО да се предадат во Републичкото јавно обвинителство, пишува Фокус.

Како што се наведува во веста објавена од Фокус, од СЈО ја потврдиле информацијата и најавиле повеќе детали.

Во меѓувреме, денес, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на обединување и рече дека само неколку месеци од сега е денот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обедини сите граѓани на државата.

На месеци од сега не чека денот кога ќе се соочиме со граѓаните и кога ВМРО-ДПМНЕ треба да ги обедини сите граѓани во Република Македонија, под знамето на Република Македонија и со бајракот на ВМРО-ДПМНЕ на гради, а тоа ќе биде големата победа на предвремените парламентарни избори, напиша претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -