20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Ахмети и Села заеднички ќе ја разгледуваат потврдата од Заев

Претседателите на ДУИ и Алијанса на Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села денес ќе имаат средба, каде според неофицијални информации ќе го разгледаат предлогот од СДСМ односно Зоран Заев.

Доцна синоќа, според неофицијални информации било предадено писмо од Заев до Ахмети, каде стојат гаранциите што писмено ги побара лидерот на ДУИ. Сепак, таму многу веројатно стои дозвола за двојазничност на одреден дел од територијата на Македонија, а не како што бараше победничката партија од албанскиот блок, на цела територија на Македонија.

Многу повеќе детали ќе бидат познати во текот на вечерта, откако ќе заврши средбата Села-Ахмети, која ќе се случи во Тетово, а е најавена за 18 часот.

поврзани објави

Последни објави