Условно кафе или европска традиција која треба да стане обичај во Скопје и тн. во Македонија. Влегувам во мал кафич со пријателот и нарачуваме. Додека се приближуваме на нашата маса влегуваат двајца и нарачуваат:
„Пет кафиња ве молам. Две за нас и три условни“ Ја плаќаат сметката, земаат само две кафиња и си заминуваат.
Го прашувам пријателот: Што се тоа „условни кафиња“? Следната порачка беше седум кафиња три за три правника и четири условни.
Додека ја се уште се прашувам што е тоа „условно кафе“ и уживам во сончевото време и убавиот поглед на плоштадот во кафичот влегува во по-запуштена облека, изгледа како сиромашен човек, човек просјак, и љубезно прашува: Дали имате „условно кафе?“
Одговорот што го барав беше едноставен – луѓето плаќаат однапред сметка за кафе за некого кој не може да си дозволи топол напиток.
Традицијата со „условно кафе“ почнала во Наполи околу 2012 година и се проширила низ светот. На некој места можете да нарачате не само кафе туку сендвич или цел оброк.
Да го шириме и понатаму овој хуман гест. Во Македонија овој гест може да се имплементира ако сметката се плати и се остави на видно место на влезот од кафе барот. Залепена на табела со наслов Условно кафе за убав ден и притисната со боцка. За повеќе идеи од ваша страна напишете коментар. Да ја направиме традиција и во Скопје. Бидејќи Скопје е дел од Европа.