fbpx
15.8 C
Skopje

ГДУ: Ги преминавте сите граници, илјадници студенти чекаат покрив на глава, а вас мува не ве лази

АКТУЕЛНО

Ова ги преминува сите граници. Илјадници студенти чекаат покрив на глава, а Министерството за образование „мува не го лази“. Заради неспособноста на Министерството, студентите не можат да се вселат во студентските домови и да мислат на испитите.

Најдоцна до 31-ви август списокот требаше да биде објавен, но студентите и натаму се во неизвесност. Чекаат одговори дали се примени, а како што велат и самите студенти во МОН се зафатени со пиење кафиња и гледање турски серии. Министерот Адеми соочен со штрајкови, ги заборави студентите.

Го прашуваме министерот Адеми, зошто толку се доцни со списоците? До кога ќе се држат студентите во неизвесност? Дали и оваа година студентите ќе се соочат со истите проблеми како и лани?

ГДУ се сомнева дека пролонгирањето на процесот е поради некакви и нечии интереси. Истото се случуваше и лани. Студентите излегоа на протест па се објавија, а откако се објавија списоците среде сесија дел од студентите сфатија дека се оставени без место за сместување. Ова ли е грижата за образованието на власта?

Се сместуваат во стари домови, без никакви услови за живот. Секојдневно се соочуваат со нови проблеми, јадат ужасна храна и капак на се МОН ги држи во неизвесност дали ќе добијат кревет во некој од студентските домови, кои личат на сѐ, само не на место каде што би требало да бидат сместени студенти.

Ова е неприфатливо. Апелираме под итно во МОН да се фатат за работа и да ги објават списоците. Во меѓувреме да работат на подобрување на условите за живот во студентските домови. Студентите секогаш ќе ја имаат поддршката од ГДУ во борбата за нивните права и подобар студентски стандард“, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -