По извадокот од емисијата на Миленко Неделковски чиј што тогашен гостин Панде Колимишевски вели дека единствен човек, единствена партија која во 90-тите биле чистогласни за независна и самостојна Република Македонија се тие од ВМРО на чело со Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи се појавија разни мислења и реакции по однос на самото видео.
Линкот од содржината е споделуван масовно на социјалните мрежи, а една од страните на која е споделен го има насловот „Фан страна на ВМРО-ДПМНЕ“.
Покрај повеќето лајкови, посебен впечаток остави реакцијата односно лајкот на поранешната пратеничка Силвана Бонева.
Дали тоа значи дека некогашните најблиски соработници на Никола Груевски после долгогодишен молк изразуваат поддршка на основачот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски?