Партиски активен бев во периодот од 1993 до 2003. Практично со завршување на конгресот во Охрид во мај 2003 и доаѓањето на чело на партијата на Никола Груевски, завршуваат сите мои партиски функции и партиска активност.
Од друга страна сосема на кратко, меѓутоа чувствувам за потребно да ве потсетам дека во периодот од крајот на 2014 година и започнувањето на најжестоките напади од страна на СДС и шарените, кои со огромна помош на соросовите медиумски платеници и невладин сектор, секојдневно го черечеа Груевски и ВМРО, бев во првата линија на одбрана. Во исто време додека протестираа разулавените толпи на шарените, на 500 метри од нив сум држел говори со ГДОМ во чија организација одев и на трибини низ цела Македонија, битки водев на социјални мрежи, а бога ми и по телевизиски дебати. Го правев тоа со сето срце и снага што ја имам. И да нема никој дилема, да се врати времето, а јас да сум со овој памет повторно истото би го правел. Зошто? Затоа што борејќи се во тоа време за Груевски и ВМРО, јас се борев за Република Македонија и против се ова што сега за жал ни се случува со Заев и СДС.
Не треба да ве потсетувам дека до декемврискиот конгрес во Валандово 2017, јас не извршував некоја партиска, а ни предходно некоја државна функција. Од друга страна имам огромен број мој ФБ пријатели кои реално гледано во негово време живот се изнаживееа. Почнувајќи од вработување, па началници, советници, директори, пратеници, амбасадори, министри, до што ти се не. Меѓу нас кажано најголем дел од нив предходно беа обични вошкари, а да не зборам дека вода у очи немаа.
Поголем дел од овие погоре наброените, нормално никаде ги немаше да кажат нешто или да напишат, ваљда важноста на функциите не им дозволуваа да зборат и пишуваат, но затоа имаа внимателно избрана фотографија со лидерот им која ако го начекаа на некој собир да се сликаат, од време на време ја менува. По правило ако се спомнеше името на предходниот претседател на ВМРО, Љубчо Георгиевски, имаа широк репертоар на погрдни зборови за што по сочно да го исплукаат!
Не мал дел од нив и сега никаде ги нема, освен што повторно имаат партиски функции и нормално слика со новиот претседател на ВМРО, Христијан Мицкоски.
Правилото се повторува и во плукањето им по предходниот лидер. Тие се истите што чекаа 00:01 минута по полноќ да му го честитаат роденденот, а денес китат муда за него како биле оставени и не знам ти што. Мене ова не ме чуди затоа што ми е веќе видено и сосема ми беше јасно дека овие луѓе освен да му го пушат на лидерот и да плукаат, немаат никаква друга политичка вештина.
Писаниево најмалку ми е наменето до нив, туку токму до Мицкоски, погледни ги сега лесни ти се за препознавање. Во тие луѓе никако немој да имаш верба! Тие се тие прочуени ,,ножиња”. Кога сум веќе кај ,,ножињата” вечна му слава на Тодор Александров, но токму тие пред 95 години му го одзеле животот.
Патем, среќен роденден Никола, да си жив и здрав
Фејсбук статус на Александар Пандов