-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

МВР се огласи со детали за хаосот на фудбалскиот меч во Третата македонска фудбалска лига: Се настанало поради одлуката на судиите

На 08.09.2019 во с.Волино-Дебрца на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од с.Волино и ФК Црно буки од Битола околу 17.05 ч. поради незадоволство од одлука на судиите З. Т. (47) од. с.Волино влегол на теренот да ги нападне.

Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т.. тој пружил отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства (при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од Т.Н. (50) од с.Волино, К. Н. (21) од с.Волино, С.Б. (37) од. с.Волино, Д.С. (24) од с.Волино, Б.А. (36) од с.Волино, Н.С. (27) од. с.Волино, М.А. (59) од с.Волино, кои се приведени во ПС Охрид.

Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање.

Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

поврзани објави

Последни објави