ТВ презентерката Татјана Стојановска со години важи за една од најубавите, најуспешните телевизиски лица, а сега за „Убавина и здравје“, Стојановска го откри својот рецепт за убавина и призна дали правела некогаш пластична операција.
– Отсекогаш сум водела сметка за изгледот и сум го негувала лицето. Со оглед на фактот што долги години работам во телевизија, а моето лице е подложено секој ден на тешка шминка, редовно го чистам и правам пилинзи, користам креми и препратати на природна база и редовно одам на козметички третмани.
-Сега за сега не сум направила ниту една естетска корекција, третирам природен изглед, но тоа не значи дека имам нешто против пластичните операции“, вели презентерката која своевремено беше и Мис на Македонија.