fbpx
24.8 C
Skopje

Пет причини поради кои богатите ги штедат своите пари во швајцарските банки

АКТУЕЛНО

Швајцарските банки важат за најбезбедните банки во светот. Порталот Super Money ги наведува најважните пет причини поради кои штедењето на пари во оваа земја претставува вистински избор.

Кога и да читате за банкарски измами или сериозни финансиски скандали, ретко тука ќе пронајдете швајцарска банка. Генерално, филмовите и ТВ сериите ги покажуваат швајцарските банки како бастион на безбедноста.

Постојат причини поради кои огромна количина на пари се слеваат на сметките на швајцарските банки. Еве кои се 5-те главни причини за тоа:

Швајцарските банки не го откриваат идентитетот на клиентот

Швајцарските банки се на врвот на листата на светски банки кога станува збор за заштита на идентитетот на клиентите. Поточно, на банките во Швајцарија им е забрането да ги идентификуваат своите клиенти. Ако го предадат вашето име на иследник или странска влада (без значителна правна причина), власта таму може да ги гони за тоа.

Се разбира, постојат исклучоци од секое правило. Ако сте обвинети за трговија со дрога, организиран криминал или шпионажа, банкарите ќе бидат принудени да ги дадат вашите информации до истражните органи. Но, под нормални околности, никој нема да знае дека вашата банкарска сметка во Швајцарија воопшто постои.

Сигурност на парите

Во случај на природни непогоди или силни пожари, вашите пари ќе бидат безбедни и целосно вратени. Ова е затоа што Сојузот на банкари од Швајцарија ја гарантира безбедноста на секоја поврзана банкарска сметка.

Швајцарија има најбезбедна валута во светот

Швајцарскиот франк е една од најбезбедните валути во светот. Практично со оваа валута постои нула инфлацијаа инфлација. Зошто франкот е толку стабилен? Па, повеќето модерни валути постојат дигитално и во колективната свест на нивните корисници. Швајцарскиот франк, од друга страна, има резерви на злато најмалку 40 проценти.

Стабилна економија

Важно е да се напомене дека не само франкот е стабилен. Цела Швајцарија има релативно солидна економија. Со други зборови, меѓународните економски конфликти ретко имаат влијание врз швајцарската економија.

Швајцарските банки не се само за богати

Повеќето луѓе мислат дека само најбогатите луѓе можат да си дозволат банкарска сметка во Швајцарија. Сепак, ова е вообичаена заблуда. Ако имате 18 години и имате валиден пасош, најверојатно можете да отворите сметка во швајцарска банка.

Одредени банки сигурно имаат дополнителни услови, вклучувајќи доказ за приход и минимум депозит. И да, кај одредени елитни швајцарски банки, тој минимален депозит може да достигне до 100.000 УСД. Како и да е, други имаат најмалку 10.000 УСД, сума што некои од нас ќе ја видат во текот на животот. И во швајцарска банка можете да бидете 100 проценти сигурни дека вашите заштеди се безбедни.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -