Писмото од Исламската држава со заканувачка порака за напад кое пристигна во Универзитетот во Приштина, не представува кредибилна закана, пренесуваат локалните медиуми, повикувајќи се на неименуван извор од косовската полиција, која спроведува истрага околу овој случај.
Според зборовите на портпаролот на косовската полиција Флоре Ахмети, косовската полиција добила информација за заканувачко писмо, пред три-четири дена. Приштинскиот универзитет поради таа причина ја променил локација на денешната прослава по повод 47. години постоење како институција.
Како што пренесуваат косовските медиуми, Универзитетот во Приштина добил заканувачко писмо во кое е наведено дека припадници на ИД ќе извршат напад на 15. фубруари.