13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ѕвездата на Барса го осуди Енрике за болниот пораз од ПСЖ

Тимот на Барселона синоќа доживеа тешок пораз на гостувањето кај ПСЖ, па сега доколку сакаат да одат понатаму ќе треба да се деси чудо, за да слават со 5 гола разлика на „Камп Ноу“.

Еден од оние кои најтешко го прифатија поразот беше тренерот Луис Енрике, но сепак најголемата тензија ја предизвика Серхио Бускетс во пресоблекувалната.

Имено, Бускетс порачал дека ПСЖ ја добиле тактичката војна на натпреварот, директно алудирајќи на Луис Енрике. По овој став на Бускетс се огласи и тренерот Енрике, кој даде одговор.

„Не сум сигурен што точно мислел Бускетс. Изненаден сум од неговото однесување, но нема да навлегуват во дополнителни дискусии. Ја прифаќам одговорноста за овој пораз. Јас сум најголемиот виновник за поразите, но и за победите кои ги остваруваме“, изјавил Луис Енрике.

поврзани објави

Последни објави