13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Претседателот на Советот на Општина Штип д-р Миташев со одговор до Колев

Откако претходно, Претседателот на МБП, Петар Колев испрати писмо до Општина Штип, во кое бара мермерната плоча на училиштето „Оу Ванчо Прке“ да се дислоцира во музеј, како експонат на едно минато искуство низ кое поминала нашата земја, Претседателот на Советот на Општина Штип д-р Миташев со писмо му одговори на претседателот на Македонско – Бугарското пријателство Петар Колев.

Ви го пренесуваме интегрално целото писмо..

Браво Петар, прозван сум во писмото па да ти одговорам: За тебе содржината на поставената плоча, претставува, како што велиш „недостиг на елементарно цивилизациско однесување“ Можеби треба ти и твоите истомисленици да соберете сила и да се поклоните пред плочата како резултат на покајување на злоделото кое го има направено бугарскиот окупатор за време на Втората Светска војна на овие простори.

Впрочем таков чин направија своевремено Канцеларот Генсер а сега и Канцеларот Меркел во знак на почит кон жртвите на холокаустот, кои ги има направено токму нивната земја, Германија. Не се срамеа да признаат дека направиле историско злосторство. Немам чувство дека некој посебно и се лути на сегашната Република Бугарија, но не присилувај да си ја бришеме меморијата од главата за минатото, затоа што во нашите фамилии се уште има живи сведоци на тоа време и многубројни наследници на жртвите на фашистичкиот режим кој го практикувала режимска тогашна Бугарија.

И да, местото на Штип и на Македонија е во современа Европа, но не онаква каква што ја замислуваш ти и твоите истомисленици со негирање на македонскиот јазик и нација, а сега бараш бришење и на сеќавањето на минатото. Инаку, голема благодарност за поклон мостот, Мултимедијалниот центар, бугарските пасоши на оние кои ги побарале, студентите во твојата татковина Бугарија!

Меѓутоа складирањето на спомен плочите – сведоци на минатото се преголема цена што ја испорачуваш на штипјани. Апсолутно сум сигурен дека тој став не е став на званичната политика на Република Бугарија кон Република Македонија. Инаку ќе треба да го срушиме и музејот на депортираните евреи од Македонија кој се наоѓа во Скопје..Или нив ги депортирале некои други окупатори на нашата земја во тоа време!

Со почит д-р Влатко Миташев – Претседател на Совет на Општина Штип.

поврзани објави

Последни објави