13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Штрајкот е во Грција, но огромни последици трпи Македонија

Грчките земјоделци и натаму продолжуваат со штрајкот на границата со Македонија, блокирајќи го патот на граничниот премин „Евзони“, што претставува огромен проблем и за Македонија.

Македонските транспортери и компании, поради блокадата се принудени да одат преку заобиколните патишта, што ќе значи и дополнителен трошок за нив.

Дополниетлен е проблемот кој би можел да се случи со недостиг на нафтени деривати. Токму на тоа предупредуваат од „Окта“, каде посочија дека ситуацијата е алармантна, бидејќи веќе седум денови околу 30 цистерни чекаат за влез во земјата, откако покрај на „Евзони“, не им е дозволен премин ниту на граничниот премин „Дојран“.

Министерот за економија, Дритон Кучи пак ја смирува ситуацијата, посочувајќи дека кризата во Грција е нивни внатрешен проблем, притоа посочувајќи дека надлежните имаат се под контрола и нема да дозволат дефицит на нафтени деривати.

поврзани објави

Последни објави