14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Претепани и ограбени два мигранти на автопатот Скопје – Куманово

За малку вчерашниот ден ќе завршел кобно за два мигранти од Пакистан кои транзитирале низ нашата држава.

Во текот на изминатата ноќ, во 00.30 часот телефонски во ЕИК Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово (во близина на с.Бунарџик) има две лица со повреди на главата и телото. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле  И.А.С. и Ф.К.А., државјани на Пакистан, кои илегално влегле во Р.Македонија.

По нивно кажување, на мостот за с.Бунарџик од страна на пет непознати лица биле нападнати со палки и железни шипки, по што им биле одземени пари. И.А.С. во неконтабилна состојба и Ф.К.А. биле пренесени во Медицински центар Скопје, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави