6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Жбогар: Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Евроамбасдарот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист оти политичките лидери во Македонија ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат Влада.

„Јас не се согласувам дека политичката ситуација во земјава е тешка и не треба да се драматизира. Во земјава имавме избори и нормално е да се даде повеќе време да можат политичките лидери да формираат влада. Јас сум оптимист дека политичките лидери ќе го изнајдат вистинскиот начин да формираат влада, за да можеме ние како ЕУ да продолжиме да работиме во реализирање на реформите кои се потребни во земјава“, истакна Жбогар.

Во рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ денеска во Берово престојуваа евроамбасадорот Жбогар и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

ЕУ за Берово издвоила три милиони евра средства наменети за реконструкција и изградба на канализационата мрежа.

„Овде сме да ја промовираме кампањата „ЕУ за тебе“ и попрецизно да покажеме што реализира ЕУ од проектите која сама ги финансира, помошта на ЕУ на вашата земја е многу конкретна и се гледа од реализацијата на овие проекти кои се во директна полза на граѓаните на вашата општина, а тоа се проекти кои се реализираат од граѓаните на ЕУ, односно од даночните обврзници на ЕУ. Целта ни е да ја видиме реализацијата на проектот за изградба и реконструкција на мрежата за канализација во должина од 25 км, што ќе биде дополнување на постоечкиот прокет „Прочисттелна станица на отпадните води“, како и реализацијата на четири други проекти со финансиска поддршка на ИПА- програмата. Ние како ЕУ со нетрпение ја очекуваме и изгрдабата на зелениот пазар во Берово и реконстркуцијата и на друга улица што се реализира со руралните грантови“, рече Жбогар.

поврзани објави

Последни објави