fbpx
11.8 C
Skopje

Трамп со писмо ја честита независноста на Република Косово

АКТУЕЛНО

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес испрати писмо до претседателот на Косово, Хашим Тачи, во кое му ја честита независноста на земјата.

„Во име на Соединетите Американски Држави ја имам честа да му го честитам на народот во Косово 17 февруари, Денот на независноста. Партнерството меѓу двете наши земји се заснова врз заедничките вредности и интереси. Иднината на независно, мултиетничко и демократско Косово се заснова на регион кој е стабилен, изобилен и целосно интегриран Балкан во меѓународната заедница“, стои во писмото од Трамп.

Во писмото исто така е напишано дека САД заедно со сите граѓани на Косово го прославиле освојувањето на историскиот златен медал на Олимписките игри во Бразил и дебито на репрезентацијата на Косово на натпреварите под ФИФА.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -