13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Во тетовското село Лубин: сексуално ги вознемирувал ќерките на невенчаната сопруга

Тетовчанецот Б.И. (35) од тетовското село Љубин е приведен од полицијата, по претходно обвинение од страна на неговата невенчана сопруга, дека сексуално ги вознемирувал нејзините две малолетни ќерки.

Тетовката со иницијали Н.И. (46) завчера околу 20 часот го пријавила девет години помладиот невенчан сопруг, за вознемирување на нејзините ќерки од двата претходни бракови.

Девојчињата на возраст од 15 и 16 години повеќепати биле вознемирувани и пред нивната мајка, која молчела затоа што добивала закани.

По одреден период, откако нападите зачестиле, мајката немала друго решение, поради што се одлучила да го пријави случајот во полицијата. Б.И. пак им е добро познат, затоа што и претходно бил приведуван во полиција поради различни кривични дела.

поврзани објави

Последни објави