Има еден многу убав српски филм се вика „Турнеја“. Србите прават страшни филмови. Имаат муда да покажат работи, што не се баш за покажување. Во тој филм има еден многу добар и поучен момент.
Дали го препознавте писателот Љубиќ во изјавите на некој од баткиве што денови се актуелни со муабетиве за ВОЈНАТА…? Таа така посакувана војна, која би требало да ја „прочисти“ Македонија од „патриоти“ и „предавници“.
Едниов е глумец. До пред некое време го гледавме, како додека гнетеше по тоа асталите облечен како Индијана Џонс за сиромашни, ни покажуваше колку чудесна земја е Македонија. Истата таа Македонија со истите тие астали покрај кои онака патриотски ни раскажуваше приказни, како например „во оваа куќа живеел тој и тој ага“ а во соседната живееле „мајстори за локум“. Војна сака Глумецов, прашува за пластичен експлозив. Една друга глумица прашуваше за гумени куршуми, овој пак е надограден… за бомби директ си прашуе. Силно се сомневам дека господинот патриот од типот „Ваа година ајварот, ама се погоде, дај да пробам и од сиренцево“ видел во живо какви се последиците од бомби, па јас еве како еден најобичен јадач на трици сакам да му покажам.
https://www.youtube.com/watch?v=ugKXGA9Dw9U
Ова е ВОЈНА господине Индијана Џонс за сиромашни. Со сета нејзина убавина. Вие нема да го видите тоа одблизо. Ќе си седите на ладовинка некаде далеку од први борбени линии и ќе си пиуцкате додека некакви таму будали ќе гинат, затоа што така требало. Државата тоа го барала, оти ако не ги разнесат Никола од Берово или Дритон од Отља све ќе си ебе матер. Да ви се мочам на патриотизмот, драг мој глумецу. Дали во вашите искривени претстави за патриотизам влегува и посетата на помен на погинат во војна припадник на безбедносни сили? Не верувам!!! На помен иако се дели за душа, секој залак е ко камен и тешко се голтнува. Го знаете тоа, возрасен човек сте, затоа сум сигурен дека нема да отидете на помен, на никого што загинал поради вашите изблици на експлозивен „патриотизам“.
Знаете ли што ќе ви речам за тој ваш патриотизам. Гаден е и не чини ни скршена пара. Следниот пат, кога ќе го пронајдете вашиот нов газда, ве молам менувањето на плочата да не го пакувате во патриотски мрсни хартии. Ќе бидете смешен, а тоа не можете да си го дозволите туку така сепак сте глумец и човек со реноме, или бевте пред да побарате бомби надевајќи се дека некој ќе ве забележи. Ве видоа немајте гајле, уживајте во неколкуте минути „слава“, можеби никогаш нема да ви се повторат.
Другиов е новинар. Полн со омраза беден човек, за кого се чудам како воопшто го фаќа сон. Се чудам како е можно да постои човек што мрази толку силно луѓето кои не размислуваат како него. Едноумец кој се бори против едноумие. Таков лик може да биде „фацка“ само во Македонија и на ниту едно друго место. Само во Македонија можеш да повикаш на војна и тоа да биде прифатено како крик за правдина. „Патриотите да загинат, па ние предавниците да направиме нормална држава“.
Патриотиве за кои зборувате господине Едноумец, нема да загинат. Тие исто како глумецов од првиов дел на написов ќе се скријат. Ќе се борат под Јорган планина и ќе попуваат, додека млади момчиња гинат, за вие „предавниците“ да направите нормална држава. Каква е таа нормална држава драг постар колега? Држава во која антирежимците не можат да се пожалат дека им блокирале сметка ради неплаќање на радиодифузна такса. Држава во која антирежимци имаат кеш 3-4 пати да го свртат светот додека Петре од Комуналец Кичево, не смее да писне бидејќи ќе лета од работа. Вие ли сте тие антирежимците? Со што вие лично сте поарен од еден Миленко например? Тестото ви е исто.
Навикнати сте да бидете на врвка кај некого. Последниве 10 години Козарот калапи, а на вас тоа не ви се допаѓа. Ќе експлодирате од злоба. Вашите ги нема на власт. На власт се гадните ВМРО-вци, а пак ВМРО ве асоциира на нешто уште поомразно за вашата бедна суштина: борба против комунизмот, конзерватизам и не на последно место Бугарија. Зашто велам Бугарија ли? Затоа што и вие како вашите духовни татковци од Белград, сите членови на ВМРО (историското) ги сметате за бугарски бандити. На вас други бандити ви се омилени.
Ве разбирам и немам никаков проблем со вашиот избор. Имам проблем со вашиот вокабулар полн со омраза. Уранија од Хелзиншки нема да ви замери, бидејќи можеби и таа е дел од вашата солидна „фан група“, ама јас ви замерив. Јас еден најобичен јадач на трици. Оти знам дека и вие како глумецов против кого рипнаа сите „борци за правдини“, ако да не даде Господ се припука, ќе трчате да си го скриете гзот на завет и далеку од војната. Срам да ви е!!! Не верувам дека го имате, ама така нели иде зборот.
Атанас Величков https://avelblog.wordpress.com/