Кандидатот на претседателските избори во Србија, Александар Вучиќ тргна во изборна кампања со спот кој е инспириран од реклама за украинска политичка партија.
Актуелниот претседател на Србија, Томислав Николиќ ќе биде противкандидат за претседател на Србија на Вучиќ. Веста за кандидатурата на Николиќ ја објавија руските медиуми, а според многу српски аналитичари токму Русија ќе биде најголемата поддршка за Николиќ, за кого веруваат, дека ја гледа иднината на Србија во Москва.
Украинската верзија од спотот е од партијата Успешна Украина и повикува на единство на народот за да ја превземе контролата врз земјата. Спотот е изработен од агенцијата Shaviv Strategy and Campaigns, која што на својата веб страница пишува дека соработува со политички партии и лидери од повеќе земји, вклучувајќи ја и Србија.