Осумнааесетгодишна годишна девојка од Кочани по две години силување, конечно собрала храброст и го пријавила сторителот во текот на вчерашниот ден.
Во текот на вчерашниот ден во 17.30 часот во ПС Кочани осумнасетгодишна девојка од Кочани пријавила дека во периодот од ноември 2014 година до октомври 2016 година лицето Д.М.(24) од Радовиш во повеќе наврати ја присиливало на обљуба и други полови дејствија.
Д.М. ѝ се заканувал на девојката дека ќе открие слики со експлицитна содржина, кои ги имал во телефонот, и ја присилувал на обљуба и други полови дејствија. ПС Кочани презема мерки за целосно расчитување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.