-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

Ограбен „Вестерн Унион“ во Гостивар – крадците однеле околу 10.000 евра!

Филијалата на „Вестерн Унион“ во Гостивар вчера во сред бел ден била мета на криминалци откако била ограбена.

Просториите на „Вестерн Унион“  кои се наоѓаат на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар биле мета на тешка кражба во која сторителите насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од работното биро одзел сеф во кој имало 6.540 евра, 2.111 УСА долари и 77.300 денари, а потоа од работната маса одзел одредена  количина стари пари и монети, по што го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави