11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

РОБАКЕР СЕ ИЗВИНИ: Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на границите.

Републиканскиот конгресмен на Калифорнија и претседавач на поткомитетот за Европа и Евроазија, Дана Рорабакер, се извини за неговата неодамнешна, контраверзна изјава во интервју за „Визион плус“ од Тирана каде рече дека Македонија треба да се подели.

Тој во официјална изјава рече дека Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на границите.

„Мојот коментар алудираше, можеби погрешно, на мојата загриженост кон предизвиците во внатрешното владеење со кои Македонија се соочува во врска со етничките малцинства. Јас во никој случај не сакав да кажам дека некој друг, освен Македонците треба да го утврди суверенитетот или границите на Македонија. Ако моите зборови беа сфатени на друг начин, јас длабоко се извинувам“, вели Рорабакер во изјавата.

Тој оддаде почит за позитивниот однос кој САД го има со Македонија и потенцираше дека Македонија е вистински пријател на САД.

 „Имав можност да сретнам многу Американци (и Македонци) кои споделија со мене многу корисни историски факти и информации за Македонија и регионот, како и за сегашната динамика на истиот. Со нетрпение очекувам заедничка соработка во иднина и што е најважно, заедно, континуирано, да даваме се од себе за да помогнеме во формирањето на надворешната политика на САД, така што тоа ќе резултира со мирен, просперитетен и слободен Балкан“, додава Рорабакер.

Пред 10 дена во интервју за албански печат, Рохрабакер, изјави дека Македонија не е држава.

„Македонија не е држава. Жал ми е, тоа не е држава. Косовците и Албанците во Македонија треба да бидат дел од Косово. Другиот дел на Македонија треба да биде дел од Бугарија, или на било која земја на која тие тврдат дека и припаѓаат. Идејата дека ние треба да ја одржуваме Македонија како држава, бидејќи некој пред 30 години одлучил дека тоа е најдобрата реконфигурација која треба да излезе при распадот на Југославија, не не доведува до разумно оправдување дека оваа идеја треба да истрае“, рече Рорабакер.

поврзани објави

Последни објави