23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

„Бомба за Торонто“ – Евакуиран авион на авиокомпанијата „Туркиш ерлејнс“ во Истанбул

Авион на турската авиокомпанија „Туркиш ерлејнс“ денес е евакуир пред полетувањето од Истанбул кон Торонто, затоа што во еден од тоалетите во самиот авион е пронајден сомнителна порака.

Официјален претставник на прес-службата на „Туркиш ерлајнс“ изјави дека екипажот на авионот на ѕидот во тоалетон пронашле порака напишана со големи букви „Бомба за Торонто“.

Според информациите авионот веднаш бил вратен на делот од аеродромот кој е наменет за паркирање на авиони, а потоа и евакуиран.

Авиокомпанијата наведе дека во овој момент се врши истрага во авионот и врз патниците, со цел да се утврди од каде поттекнала оваа порака, и дали навистина имало бомба во авионот.

поврзани објави

Последни објави