9.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Попоски: Без Европска стабилност нема одржлив економски развој

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, учествуваше на 53. Минхенска безбедносна конференција, која викентот се одржува во Минхен, Германија. Овој настан беше посветен на промените во односите во светски рамки.

„Постои процес на редефинирање на односите глобално. Криза околу ЕУ значи намален апетит за интегрирање на нови членови. На Балканот и во Македонија би биле наивни ако веруваме дека некој друг ќе ни извезе предвидливост и ќе не протурка до ЕУ. Одговорот е дека треба да се превземе одговорност и иницијатива за соработка, во економија, безбедност и политичка координација. Само така ќе ги убедиме своите граѓани и граѓаните на ЕУ дека ние сме реален фактор за Европска стабилност. А без неа, нема одржлив економски развој“, изјави Попоски.

Попоски на конференцијата учествува после поканата на организаторот, германскиот амбасадор Волфганг Ишингер.

поврзани објави

Последни објави