fbpx
9.8 C
Skopje

Катица пред Советот на јавни обвинители образложува зошто се откажа од „Пуч“

АКТУЕЛНО

Тим на специјалното јавно обвинителство денеска е на средба во Советот на јавни обвинители каде што ќе треба да образложи зошто СЈО се откажа од предметот „Пуч“ во кој како обвинети беа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Верушевски и неговата сопруга Соња Верушевска.

Советот побара од Јанева да му биде предаден предметот „Пуч“ со цел да утврди дали било законско откажувањето од кривично гонење на пет лица.  Обрззложението на СЈО е дека се откажуваат од предметот бидејќи е во спротивност со доказите и наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“.

Ова доаѓа по минато неделната средба меѓу Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски кој по средбата кажа дека СЈО дополнително ќе појаснува зошто се откажале од „Пуч“ и дека ќе бараат увид во целата документација.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -