Републиканскиот конгресмен Трент Франкс во своето вчерашно интервју за МТВ, најави уште 2 нови истраги за парите кои се испраќаат со цел да се помогне за промоција на човековите права, а кои како што вели тој, се поврзани со Џорџ Сорос, што според него, е спротивно на промоцијата на човекови права.
„Тоа е следниот чекор, веќе имавме прелиминарни дискусии барајќи од американскиот генерален инспектор да истражи, како и од канцеларијата на сметководствотои да ни кажат што се случува со парите кои се испраќаат и јасни се индикациите дека парите кои се испраќаат со цел да се помогне за промоција на човековите права и Македонија одат до организации поврзани со Џорџ Сорос што е спротивно со промоцијата на човекови права и сакаме да го промениме тоа најбрзо што можеме“, рече Франкс.
Тој додаде дека е загрижен за парите од УСАИД што одат до организации кои се поврзани со Џорџ Сорос низ целиот свет.
„Сорос беше посветен непријател на американските идеали за човекова слобода веќе долго време, и за нас како Американци да ги поддржуваме организациите кои ја поткопуваат американската политика и американски идеали за човекови права е ужасна рестрикција во нашите напори, не го кажав тоа како што треба, значи, за американските долари да одат до организации поврзани со ЏорџСорос значи дека се поткопуваат идеалите како Американци“, рече Франкс.