4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ристовски: МОН седум години по ред успешно го имплементира проектот за студирање на лицата постари од 30/35 години

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски на денешната прес конференција зборуваше за проектот 30/35 години.

„Согласно програмските определби на Владата на Република Македонија за обезбедување што поголема достапност на високото образование и високообразовните установи за македонските граѓани, МОН седум години го имплементира проектот 30/35 како исклучителна можност за повозрасните лица, невработени или вработени мажи над 35, жени над 30 години, кои поради било какви причини, во минатото не биле во можност да се стекнат со факултетска диплома, да го сторат тоа по финансиски поволности и истовремено да си помогнат во обезбедување соодветен работен ангажман или доколку се вработени да бидат унапредени на повисока работна позиција. 

Досега ова го искористиле над 2. 000 граѓани, кои се запишале на некој од четирите државни факултети, плаќајки годишен износ на кофинансирање од 200 евра во денарска противредност. Само во оваа академска 2016/2017 мерката ја искористиле 130 кандидати“, вели Ристовски.

Ристовски истакна дека тие како Влада навистина се посветени на овој дел од програмата кои вродиле со исклучително позитивен ефект.

„Според последниот извештај на Директоратот за образование при Европската комисија со наслов – „Од Универзитет кон вработување“, а произлезен од направена анализа на високото образование во Република Македонија, процентот на население од 30 – 34 години со стекнато високо образование се зголемил од 12 % во 2006 на 29 % во 2015 година. Тоа е потврда на ефикасноста на стратегијата на Владата на Република Македонија, преку бројни стимулативни мерки“, додаде Ристовски.

поврзани објави

Последни објави