7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Двајца повредени, приведени шест лица од Скопје и едно лице од Велес

Две момчиња на возраст од 15 години во текот на вчерашниот ден биле физички нападнати од група од 20 до 30 лица, најверојатно навивачи на ФК „Шкупи“

Нападот е пријавен во полициската станица, Центар, од М.Ж. (73) од  с.Сопиште, скопско, и О.К. (45) од Кичево.

Како што стои во пријавата, во наведеното време малолетниците излегле од спортската сала „Кале“ и се упатиле кон „Градски парк“. Во непосредна близина на „Академија Вардар“ забележале дека зад нив се движела групата. При разминување едно лице од групата со тупаница го удрило внукот на М.Ж. во пределот на лицето, додека неколку други лица физички го нападнале синот на О.К., удирајќи го со нозе и раце во пределот на главата и телото. Малолетниците забележале дека едно од лицата имало нож во рака, а повеќе други лица имале метални шипки на расклопување, кои не ги употребиле.

Синот на О.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ГОБ „8-ми Септември“, каде му била укажана медицинска помош и му биле констатирани телесни повреди.

Претходно, непосредно по случувањето на горепријавениот настан, од страна на полициски службеници, кои биле ангажирани да го обезбедуваат фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкупи“, било  интервенирано и во полициската станица-Центар биле приведени шест лица од Скопје и едно лице од Велес.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

поврзани објави

Последни објави