11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Господски потег на Баерн Минхен кој треба да биде пример за сите

Сите знаеме дека баварскиот гигант Баерн Минхен честопати знае да ги „уништува“ малите тимови во Бундеслигата, демолирајќи ги на натпреварите, а крадејќи им ги најдобрите играчи за време на трансфер периодите.

Веста која следува, го покажува Баерн во некое друго, многу позитивно светло.

Имено, германскиот гигант покрена иницијатива за помош на аматерскиот клуб Теутонија од Минхен, а самите тие ќе дадат најголем допринос во тоа, зголемувајќи ја цената на картите за следниот натпревар.

Станува збор за градското дерби кое ќе го одиграат „Б“ тимовите на Баерн и Минхен 1860, а сите кои ќе сакаат да присуствуваат на натпреварот, а сигурно ќе ги има во голем број, ќе издвојат едно евро повеќе од вообичаената цена на картите, па токму тоа евро од секој навивач на двете екипи ќе биде еден вид на помош за Теутонија.

На овој клуб итно му е потребна брза финансиска инекција која ќе биде искористена за санација на клупската зграда, која потполно изгоре во пожар за време на Божиќ. Штетата е проценета на 250.000 евра.

„ФК Теутонија е клуб со долга традиција и е познат по фантастичната работа со младите категории. На овој начин, сакаме да покажеме солидарност со клубот и неговите навивачи. Се надевам дека ќе можеме да и помогнеме на Теутонија повторно да застане на нозе“, изјави првиот човек на баварците, Карл-Хајнц Румениге.

Гестот на Баерн го поздрави и претседателот на Теутонија, Клаус Нојнер и истовреме се заблагодари на најтрофејниот германски клуб.

поврзани објави

Последни објави