fbpx
7.8 C
Skopje

ИНТЕРВЈУ со Иван Соколов

АКТУЕЛНО

Разговараме со потсекретарот на ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ и еден од луѓето кои во деведесетите години биле дел од високото раководство на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов.

Како беше создавана ВМРО-ДПМНЕ и кој ја понесе тежината на распостранувањето на партиската мрежа во Македонија во 90-тите години?

Уште  од раните 50. години од минатиот век, во македонската дијаспора делуваат повеке патриотски групации како МПО , ДООМ  Обединети Македонци  и други кои низ своето делување постојано ја  потенцираат несоодветната подредена положба на македонскиот народ во рамките на бившата СФРЈ. Тоа се поизразено се чувствуваше во втората половина на 80-тите години односно по смрта на Јосип Броз Тито кога полека но сигурно почнаа да попуштаат стегите на тогашниот режим на Југославија. Така да  настаните во Романија, Бугарија, веќе и во внатрешноста на Македонија отпочна процесот на освестување на македонскиот народ и се појави првичната потреба од сопствена  плурална мисла. Иако внатрешниот систем на тогашниот режим во СРМ одржуван од ЦК на СКМ беше сеуште стегнат сепак започна да попушта пред притисокот од народите на соседството и падот на Варшавскиот пакт. Таквите тектонски пореметувања во опкружувањето ги засили македонските патриотски сили и се појави потреба од формирање на нови политички партии и движења. Најпрвин се формираше МААК МААК а веднаш потоа и ВМРО ДПМНЕ. Формирањето на десничарска политичка партија во јадрото на сеуште постоечката и индроктринирана маса на комунисти во целиот државен  систем на СРМ како и во ЈНА беше ѓаволски тешко да се формира и да опстои политичка партија со предзнакот ВМРО, кое впрочем беше историски анатемисано и политички осудено како непријателска организација. Уште од самиот почеток целиот естаблишмент од  Удба,  Кос  и сите нивни испостави беа вклучени во попречување на формирањето и ширење на таа за нив ,,НЕПРИЈАТЕЛСКА,, организација. И покрај сите можни притисоци ,закани, уцени и подметнувања македонскиот народ на првите парламентарни избори ја даде довербата токму на таа ,,непријателска,, организација што преставуваше и кршење на`рбетот на стариот систем во СРМ.

Веднаш по формирањето на ВМРО- ДПМНЕ се отпочна со процесот на ширење на организацијата на партијата ширум целата територија на Македоннија. Морам да признам дека во првичниот процес на ширење на организацијата ширум целата територија на денешна Република Македонија не себично учествуваа тогашниот  претседател Љубчо Георгиевски, генералниот секретар на партијата Борис Змејковски и поголемиот дел од првиот Извршен комитет, но најголемата тежина падна на Генералниот секретар со неговите помошници мегу кои бев и јас.

Сонот на Глигоров или сонот на Георгиевски – често поставуваното прашање, кој е најзаслужен за независноста на Република Македонија во тие бурни времиња за Македонската држава…

Што и да кажам за сонот на Глигоров имајќи го во предвид фактот што тој е веќе покоен ,  ова би го оставил на историчарите. Она што јас можам да го кажам е  дека Глигоров до последен здив се бореше за спасување на последното камче од таа веќе пропадната југословенска идеологија. Во однос на Љубчо Георгиевски сметам дека како млад и бунтовен, романтичарски настроен во првиот момент и не разбра што навистина му се случува и што и се случува на Македонија. Си споменувам на денот на изборите по соопштување на првите резултати во домот на Змејковски (каде што ги чекавме) Љубчо Георгиевски беше изненаден и фрапиран од исходот на гласањето. Во тој период па се до 97 година за Љубчо Георгиевски сум убеден, дека имаше чисти како солза ставови во поглед на иднината на Република Македонија и македонскиот народ. Имајќи ги во предвид сите притисоци кон него од страна на службите од внатре и од надвор и повеќето политички премрежија кои ги имавме како партија а верувам и тој лично, како и искушението на власта подоцна се можеби и дел од причините за редефинирање на неговите ставови и поглед кон македонската нација, политичкиот курс и историјата на Република Македонија. Човекот е жив и здрав и може да си дава објаснувања по тие теми и прашања

ВМРО-ДПМНЕ е победник во македонскиот блок, со два пратеници повеќе од СДСМ, но не успеа да состави Влада. Платформата на албанските политички партии е основа за состав на нова Влада. Дали Заев ќе успее да собере 61 пратенички потпис и да го добие мандатот за состав на нова Влада?

Како што споменав и предходно на првите парламентарни избори во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ   освои најголем број пратеници. Не успеа да формира Влада. Причините зошто не можеше, се истите и по 26 години.  И така ке биде во иднина се дотогаш додека не се појави некој соодветен да застане цврсто на браникот на македонското национално дело.  Во тој контекст да изврши корекции во македонската национална и политичка стратегија и доктрина и по примерот на Израел да ги одреди црвените линии на политиките во Македонија. Недопустливо е во ваквото политичко опкружување да дозволите предавствата  и заговорите да бидат третирани како политички игри. Предавството на својот народ и држава се против Уставни делувања и тие треба да се сосечат во корен. Тука нема пардон, по цена на се. Во тој контекст им стојам на патот на сите обвинувања против претседателот Груевски, дека бил жесток, незнам диктатор, осветољубив и незнам што ли друго се што се  изнакажа. Тоа  се само измислени напади со една и единствена цел а тоа е да се обезглави ВМРО ДПМНЕ.  ВМРО-ДПМНЕ има своја автохтона политика. Целите на партијата се  содржани во прогласот за нејзино формирање.  Друго е прашањето на стратегијата со која јас лично не секогаш се согласувам. Но тоа не значи дека  јас сум во право…Историјата ке докаже.  Наспроти сите плукачи против Груевски стојам и јас  со своја критика  а тоа е, дека е премногу толерантен демократ , внимателен и неодлучен  кое ја менува перцепцијата за ВМРО. Можеби така треба,  времето ке покаже.  Но  најважно од се, е дека Партијата кој што ја води во целост стои зад него.  Тоа се вредностите на демократијата сакале некој или не.

Во поглед на Сеалбанската Платформа сметам дека е непријателски чин на Абанија кон Република Македонија, поттиканата од соросовата намера за создавање на сопствени  држави, марионетки на Балканот. Не водејки сметка некои од Албанските политички партии за иднината на Република Македонија брзоплето прифатија Платформа која предизвикува закана за територијалниот интегритет и сувереренитет на  Македонија која по Устав и закон сме должни да ја браниме и одбраниме. Па оттука за каква квинслинфшка  Влада може да зборуваме.  Каква и да е, таа е осудена на пропаст. Јас лично се надевам дека во албанскиот блок на партии ке преовлада разумот и ке ги корегираат своите ставови кон иднината на Република Македонија.  Жалам  што еден дел од СДСМ и нејзините коалиционни партнери не успеаа да ја видат задната намера на Заев. Не успеаа да разберат дека се дел од едно сценарио за погиб на Македонија а ако тоа се случи ке биде со голема крвава разрешница, геноцид и се што следува со една таква катаклизма. Нашата историја низ вековите ке се повтори, ако сеуште не сме ја научиле како треба треба.

Ја извршувате функцијата потсекретар на 3 изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто ВМРО-ДПМНЕ во 3 изборна единица изгуби околу 20 000 гласови и 2-ца пратеници помалку во однос на изборите во 2014 година. Во кого ја гледате вината за послабиот резултат на последните парламентарни избори?

Да, точно, јас сум потсекретар во ВМРО ДПМНЕ и како таков имам увид во начинот на водење на Партијата и сите активности во неа.  Како што е познато во јавноста ВМРО ДПМНЕ и целото нејзино раководство се под силен притисок и атак од страна на Соросовиот октопод  кој преку неговите платеници врши невиден терор врз цеклото македонско опшество па и кон ВМРО ДПМНЕ. Во таа смисла и покрај силниот притисок членството на ВМРО ДПМНЕ, и гласачите останаа верни на Партијата така да ако ги споредиме изборните резултати од Парламентарните избори  2011  во кои ВМРО ДПМНЕ освои 426 804 гласа, додека во 2016 година   452 709 гласа     или 25 905 глас повеке во однос на 2011. Додека СДСМ во 2011  освои 358 169 а во 2016 година  436 469 гласа. Ако ги земеме 75 000 гласа поклон од албанскиот електорат тоагаш фактите зборуваат  дека и покрај се,  СДСМ со сите бомби и фамфари, својот гласачки електорат го зголемил  за само 10-тина илјади гласа , наспроти 25 905 од ВМРО ДПМНЕ. Така да во никој случај неможе да се зборува за победа на СДСМ односно пораз над ВМРО ДПМНЕ туку е обратно.

ВМРО-ДПМНЕ важи за антијугословенска партија. Како го прифаќањето коалицирањето со Титови леви сили и Стевче Јакимовски, ако се земе предвид идеологијата на ВМРО, но и нивното претходно дејствување во политиката во Република Македонија..

Знаете, ВМРО ДПМНЕ како наследник на историското ВМРО  во својата основа го има христијанскиот  пристап кон тоа прашање . Па оттука големина е за една голема  политичка партија да пружи рака  на помирување. Доста ни беа делби и разделби, доста беше. Време е сите македонски политички субјекти  да си подадеме рака и заеднички да чекориме напред.  За жал еден  дел од нас македонците ке го разберат тоа кога веќе ке биде предоцна.

Која е вашата претпоставка за политичката ситуација во Република Македонија и дали на Македонија и е потребна Дегруевизација или Десоросоизација?

Иднината на Македонија барем до крајот на оваа 2017 година не ја гледам со многу оптимизам. Штетите кои што се направени од Соросовата  хорда се тешки и не надоместливи. Ке треба многу време и енергија да се   санираат загубите  а тоа неможе да оди ниту лесно ниту  безболно. Ако успееме да извршиме десоросоизација брзо,  Македонија ке  започне да закрепнува дури од следната година. Тоа се разбира ке биде под силно влијание и на настаните кои ќе се случуваат во ист правец од страна на аминистрацијата на Трамп.

Дали се уште мислите дека Јове Кекеновски ќе беше подобар претседател од актуелниот претседател Ѓорге Иванов, за кого и немавте баш позитивно мислење пред неколку години и за кого имавте остри критики, нагласувајќи дека е најнесериозниот кандидат за претседател на тогашните претседателски избори?

Не, сега веке следејки ги чекорите кои ги превзема Јове Кекеновски убеден сум дека неможе да биде подобар Претседател. Дотолку повеќе, како што одминува времето се појасно станува   дека, за местото претседател во вакви околности, не е доволен фактор  неговата  физичка големина ниту пак острината на говорот, туку   сосема е  доволно неговата стрпливост и мудрост. Јове Кекеновски го искористи своето демократско право да биде кандидат за претседател на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која јавно го поддржав, но не успеа да се помири со судот на мнозинството како основен постулат на демократијата.

 

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -