ВМРО ДПМНЕ со соопштение за како што велат самите тие, криминалниот начин на функционирање на СДСМ.
„СДСМ е дувло и синоним за криминалот.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.
Криминалниот начин на функционирање на СДСМ беше практикуван и за време на изборите.
Во Куманово и во Струмица, СДСМ беше фатен жив како се обидува криминално да купи гласови. Полицијата регистрираше слични случаи и во источна Македонија.
Секаде каде што СДСМ беше жив фатен во криминал, структурите на аболицираниот криминалец Заев се обидоа да ја попречат правдата.
Органите на прогонот не смеат да подлегнуваат на притисоците кои ги гледаше целата јавност.
Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово.
Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија. СДСМ ја нема поддршката од народот и покрај валканите и криминални обиди да купува гласови.
На криминалот мора да му се стави крај. Не смее да се дозволи и натаму на криминален начин СДСМ и партнерите да се обидуваат да ја оспорат и фалсификуваат волјата на народот“, изјави Орце Ѓорѓиевски.