13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ЕК не гледа проблем во албанската платформа што ја иницира Еди Рама

Европската комисија (ЕК) не гледа проблем во т.н. албанска платформа што ја иницира премиерот на Албанија Еди Рама, давајќи им ја на партиите на Албанците во Македонија и која ги закочи преговорите за составување на нова Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.

„Како што постојано говориме, ние не шпекулираме за составување на владата и програмата во ПЈР Македонија. Но, ние очекуваме, а тоа е случај од одржувањето на изборите, брза формирање на нова влада, која ќе има широка политичка поддршка и која силно ќе биде посветена на европските реформи и на имплементирање на сите делови од договорот од Пржино и на Итните реформски приоритети. Ова е многу јасна позиција и ова е тоа што го очекуваме и кое со нетрпение го очекуваме“, изјави Коцијанчич.

На реакцијата дали официјален Брисел поддржува вмешување на странски премиери во внатрешни работи на друга држава, Коцијанчич ја повтори истата изјава и заедно со главниот портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас, констатираа дека „се е кристално јасно“.

поврзани објави

Последни објави