Дневниот билтен на МВР забележа уште еден случај на силување врз малолетно лице, а новиот случај е уште потежок ако се земе предвид дека напаѓачот бил во роднинска врска со жртвата.
Во текот на вчерашниот ден, во 14.00 часот во НК КР Ресен, четиринаесетгодишно девојче од Битола, заедно со нејзиниот татко О.И., пријавиле дека И.Н. (18) од Битола, кој е нејзин прв братучед и кој извесен период живеел во Ресен заедно со нив, во два наврати извршил полови дејствија над неа.
Првото дејствието се случило пред Нова Година и по нејзино кажување, била уплашена и не кажала ништо на нејзините родители. Пред една недела отишла во Битола кај нејзината тетка каде што дошол и нејзиниот братучед и се случило второто дејствие. За тоа дознала тетка ѝ и веднаш му кажала на нејзиниот татко.
ПС ОН Ресен презема мерки за целосно расчистување на случајот.