6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ако Груевски е криминалец, што е Бујар Османи за Зоран Заев?

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев деновиве е во маратонски преговори со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. За разлика од порано кога ставовите на двете политички партии се разликуваа, изјавата на Ахмети дека „нема многу разлики меѓу ставовите на ДУИ и СДСМ“ говори за тоа дека тие можеби успеале да најдат заеднички јазик по повеќе прашања, а секако првиот чекор би бил добивање на потписите од Ахмети, за Заев и СДСМ да можат да го добијат мандатот.

За време на проектот „Вистината за Македонија“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата на која ја објави 31 бомба, сподели јавно разговори помеѓу Тодоров и Јанкуловска, за како што тврдеше самиот Заев, за незаконски набавки во министерството за здравство односно за нереални исплати на пари, потпишани од Бујар Османи, поранешен министер за здравство од коалициската ДУИ, а денешен портпарол на ДУИ и еден од најблиските луѓе на Али Ахмети.

„Ќе слушнете признание од Тодоров дека за реконструкцијата на болницата во Охрид, Бујар Османи бадијала потрошил дури 400. 000 евра“, рече Заев на тогашната прес-конференција на која ја објави 31 бомба од проектот „Вистината за Македонија“.

Останува прашањето како би функционирале ДУИ и СДСМ во заедничка Влада, ако се земе предвид сето она што се збореше од едната и друга страна во изминатиот период.

 

поврзани објави

Последни објави