7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ: Дефакторизација на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто одбројува часови до својот политички крај

По повод соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, каде посочуваат дека СДСМ и прави дефакторизација на државата, со реакција одговорија од таборор на СДСМ.

„Сите граѓани знаат дека Никола Груевски ги употребува своите последни сили да им наштети на нив и на државата, во очајните обиди да се спаси себеси“, стои во дел од реакцијата.

Воедно, порачуваат дека е откриена лагата и дека нема да има ниту кантонизација, федерализација, ниту редефинирање. Но, затоа одбројни се часовите кога политичарите на ВМРО-ДПМНЕ ќе и кажат крај на политичката кариера.

„Се виде дека се што тој тврдеше е лага. Нема федерализации, нема кантонизации, нема редефинирања. Има само дефакторизација на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, којашто одбројува часови до својот политички крај“, се додава во реакцијата.

поврзани објави

Последни објави