13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

12.000 лекари заминуваат од Велика Британија, поради Брексит?

По референдумот за Брексит, според истражување на „Британската медицинска асоцијација“, дури 12.000 лекари, кои дипломирале во Европската економска зона размислуваат да ја напуштат Велика Британија, бидејќи чувствуваат помала сигурност за својата иднина.

Ваквиот резултат предизвикал страв од недостиг на специјалисти во британските болници. Истражувањето било направено на 1,193 лекари. Од нив 42% размислуваат да ја напуштат Велика Британија, 23% не биле сигурни, додека 35% се изјасниле дека немаат намера да заминат од државата.

„Во момент кога националната здравствена каса веќе ја достигна својата граница и земјата се соочува со сериозен недостиг од персонал, тоа би било катастрофално“, истакна д-р. Марк Потер, претседател на советот на асоцијацијата.

Моментално во Велика Британија работат 280.932 лекари, од кои 11% се квалифицирале дека завршиле во друга земја од Европската економска зона.

поврзани објави

Последни објави