Како што пренесуваат српските медиуми, српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека „Србија денес искрено и вистински сака мир, а не судири и кавги со соседите, укажувајќи дека официјален Белград на ниеден начин не придонел Босна и Херцеговина (БиХ) „или некој орган на БиХ“, да поднесат ревизија на пресудата на Меѓународниот суд на правдата по тужбата против Србија“.
Нашата работа е да го сочуваме мирот, да одговориме на нивната тужба и да победиме. Нема тука победник, туку просто тужбата не вроди со плод, и треба да го заштитиме својот народ и да се обидеме да побараме механизми за суштински дијалог со бошњачкиот народ“, рекол Вучиќ.
Вучиќ додал дека поминале 22 години од Дејтонскиот мировен договор, но дека за жал многу луѓе живеат во минатото или пак живееат од минатото и доста им е тешко да погледнат во иднината.
„За среќа тоа не е случај со Србија“, рекол српскиот Вучиќ.
Тој рекол дека може во свое и во име на Николиќ да каже дека никој од Србија не влијаел на одлуката на Србите во Република Српска дали тие ќе учествуваат во органите на БиХ.
„Тоа е нивно суверено право и одлука, а со овој потег за ревизија на пресудата, односите помеѓу Србија и БиХ се вратени 22 или 25 години наназад“ и срушена е таа мала доверба што била изградена.
„Зачувувањето на мирот и стабилноста е витален интерес на Србија и Република Српска, а тоа треба да биде приоритет и на БиХ“, смета српскиот премиер.