„Македонска железница АД Транспорт“ од денес остана без генерален директор откако досегашниот Никола Костов поднесе оставка.
Оваа одлука доаѓа како последица на штрајкот поради кој патничкиот и товарниот железнички сообраќај е шест дена во прекин.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев ја потврди оваа информација, но истакна дека оставката допрва треба да ја разгледува владата.
Инаку Костов на оваа функција беше две години откако на оваа функција беше назначен во февруари, 2015 година.