Ирачките сили денес го превзедоа меѓународниот аеродром во Мосул, продолжуваат да напредуваат и кон западниот дел на градот, соопштуваат ирачките власти.
Портпаролот на заедничките операции изјави дека ирачките сили претходно ја презеле контролата и врз воената база во близината на аеродромот.
Таа база и аеродромот се важни и ќе послужат како база за операцијата која ирачките сили ќе ја преземат кон западен Мосул, кој е поделен со реката Тигар.