6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

Пожар во хотел во Кина, десетмина мртви

Вистинска трагедија се случи во југоисточна Кина, во градот Нанчанг, каде се запалила соба во хотел, што придонело да има десет мртви луѓе.

Како што пренесува „Ројтерс“, над хотелот се издигнал густ облак чад, а се забележуваат и голем број на противпожарни возила како и спасувачки екипи.

При страв од пожарот, едно лице скокнало од вториот спрат, при што завршил со скршеници во болница. Пожарот заробил и дел од градежни работници, кои го реновирале хотелот.

За случајот се приведени и седум лица, додека полицијата и натаму врши увид и ги расчистува сомнежите околу тоа како настанал пожарот.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -