13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Илија Димовски до Хан: Што мислите сега за влада поддржана од 100 пратеници, но без мандат за пропаст на земјата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се огласи на својот профил на Фејсбук, каде јавно го прашува еврокомесарот Јоханес Хан што мисли за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без редефинирање на државата, а како што вели и самиот тој, со зачувување на унитарноста, името и македонскиот идентитет.

„Кога веќе решивте на Претседателот на Република Македонија, избран од граѓаните, да му кажувате што да прави околу мандатот, добро е и да кажете што мислите за предлогот наместо 67, идната Влада да има поддршка од 100, но без редефинирање на државата, без двојазичност на целата територија, без бинационалност, а со зачувување на унитарноста, името и македонскиот идентитет? Велевте дека треба поширока поддршка на Владата, еве ја. Ако еднаш го прекршивте ветувањето дека нема да се мешате, повелете и втор пат, одговорете“, пишува Димовски.

поврзани објави

Последни објави